Учениците веќе требаа да учат, на 15. Ноември да бидат распуштени: Д-р. Пановски

За корона вирусот експертите секојдневно имаат нови сознанија, иако овој вирус и понатаму останува мистерија. Во раговор за Фактор, микробиологот д-р. Никола Пановски открива дека ковид има мутации во однос на преносливоста, нагласувајќи дека и покрај тоа што во Македонија се уште има трицифрени бројки на новозаразени на дневна основа, пациентите со тешка форма на заболувањето се во многу помал број.
-Како што претходно беше докажано, ковид се пренесува со издишани респираторни капки, заради што постојано се говори да се носат заштитни маски и да нема близина меѓу луѓето, односно да се држи тоа потребно растојание од околу 2 метра, за кое научниците сметаат дека не постои ризик од трансмисија. Она што можам сега да го кажам е дека, во текот на летово, освен тоа што Ковид ја загуби првичната јачина, па од најголемиот број новозаразени, случаите се со многу полесна клиничка слика, намалена е и смртноста, бидејќи пациентите примаат терапија со антикоагуланси, вели д-р. Пановски во нашиот разговор.
Истовремено, тој потенцира дека корона вирусот се пренесува и преку аеросолите кои се распрскуваат во воздухот, но на отворен просторнема толкава инфективна доза, па затоа ризикот од ширење на заразата меѓу луѓето е многу помал.
-Ризични се затворените простори. Кај нас веќе има примери со низата прослави, кога едно лице заразуваше десетици други затоа што на едно место беа групирани голем број луѓе. Во затворен простор каде што гласно се зборува, се пее, меѓу луѓето нема простор, сите се еден до друг, опасноста од заразата е на највисоко ниво. Тоа не е случај на отворен простор, вирусот ја нема таа јачина, практично аеросолите се раствораат во воздухот, па дури човек и да се зарази, симптомите и самата болест се многу послаби, истакнува д-р. Пановски.
Повеќе на Фактор.мк