Кинескиот хороскоп носи загрижувачки прогнози: Мај за некого мајка, за некого маштеа

Добивај вести на Viber

Омилениот месец во годината за многумина, ќе биде вистински предизвик на љубовен план за стаорците, бафалите ќе имаат финансиски потешкотии, тигрите ќе бидат исклучително романтични, на зајакот ќе му биде потребно повеќе време за закрепнување од траумите, змејот конечно ќе најде личност која го цени, кучињата ќе треба да си постават долготрајни цели, на козите им треба поголема слобода, мајмуните требаат да внимаваат на финансиски измами, петелот треба да се фокусира на инвестициите, а свињите треба да се потпираат повеќе на својот инстинкт и интуиција.

Стаорец (1900, 1912, 1924, 1936, 1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008, 2020)

-Овој месец носи финансиски можности за Стаорците, но и повремени предизвици во професионалниот живот. Оваа година ќе биде добра за инвестирање, купување недвижен имот и креирање долгорочни финансиски планови. Сепак, важно е Стаорците да не паднат во замката да се збогатат брзо и да останат претпазливи во деловните односи. Во љубовта време е за преиспитување - некои ќе треба да одлучат дали сакаат да останат во врска која повеќе не ги исполнува.

Бафало (1901, 1913, 1925, 1937, 1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009)

-За биволите, овој месец ќе донесе нови љубовни предизвици и можност да се фокусираат на нивната емоционална рамнотежа. Доколку се во врска, ќе бидат потребни инвестиции во меѓусебна доверба и отворена комуникација. Финансиски, месецов ќе биде стабилен, но на бафалите нема да им биде лесно да ги избегнат искушенијата кои доаѓаат со новите деловни можности.

Тигар (1902, 1914, 1926, 1938, 1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010)

-Тигрите ќе имаат исклучително динамична година. Мај носи нови деловни и авантуристички патувања кои ќе ја отворат вратата за големи промени. Ова е совршен период да ги проширите вашите хоризонти, да истражувате нови области или дури да се преселите во друг град или земја. Парите нема да бидат проблем, но важно е тигрите да останат фокусирани и да не носат избрзани одлуки. Во љубовта ги очекуваат возбудливи промени - можеби неочекувано романтично изненадување.

Зајак (1903, 1915, 1927, 1939, 1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011)

-Зајакот е знак кој мора да се подготви за емоционални промени. Оваа година ќе биде период на интроспекција и преиспитување. Иако ќе имаат многу можности за напредување на деловниот план, ќе се соочат со големи емотивни предизвици. Можни се несогласувања во партнерските односи или потреба од поголема независност во љубовта. На финансиски план, месецов ќе донесе неколку важни одлуки. Поголемиот дел Зајакот ќе инвестира во стабилност, но ќе му треба време и за лично закрепнување.

Змеј (1904, 1916, 1928, 1940, 1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012)

-Змејот ќе влезе во период на големи можности. Овој период е одличен за започнување нови деловни потфати, проширување на личните и професионалните граници. Финансиите ќе бидат стабилни, но Змејот ќе мора да научи како да управува со своите ресурси и да прави долгорочни инвестиции. Во љубовта ќе почувствуваат потреба за подлабока поврзаност со партнерот, додека оние кои бараат љубов ќе имаат можност да најдат личност која ги споделува нивните вредности.

Куче (1906, 1918, 1930, 1942, 1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014)

-Периодов позитивни промени во кариерата за кучињата. Многумина ќе добијат унапредување или ќе бидат вклучени во големи проекти. Во љубовта ќе мора да се ослободат од стравовите и несигурноста. На деловен план, се очекува стабилност, додека финансиите нема да бидат приоритет. Тие треба да се фокусираат на долгорочни цели.

Козата (1907, 1919, 1931, 1943, 1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015)

-Козите ќе доживеат трансформација на емотивно и професионално ниво. Иако ќе има многу можности за напредување, најважната промена ќе биде внатрешна - козите ќе мора да се соочат со своите стравови и предрасуди. Во љубовта следуваат денови на интроспекција и желба за подлабока поврзаност. Можни се и промени во партнерствата кои ќе настанат поради потребата од поголема слобода или рамнотежа.

Мајмун (1908, 1920, 1932, 1944, 1956, 1968, 1980, 1992, 2004, 2016)

-За мајмуните, мај носи возбудливи авантури. Можни се патувања кои ќе ви го променат погледот на светот, но и деловни можности кои носат повеќе приходи. Во љубовта на мајмуните ќе им треба повеќе трпение и внимание кон партнерот, бидејќи поради амбициите ќе се чувствуваат под голем притисок. Финансиски, ќе можете да постигнете многу, но бидете внимателни со големите инвестиции.

Петел (1909, 1921, 1933, 1945, 1957, 1969, 1981, 1993, 2005, 2017)

-Петелот ќе се фокусира на личниот развој и духовниот раст. Искористете го поволниот период за интроспекција, проучување на вашите внатрешни потреби и работа на самоспознавање. Во љубовта ќе има стабилност, но време е да ги надминете траумите и несигурноста од минатото. На деловен план, се очекува стабилност, додека финансиите нема да бидат приоритет. Петелот треба да се фокусира на духовните вредности, а не на материјалните цели.

Свиња (1911, 1923, 1935, 1947, 1959, 1971, 1983, 1995, 2007, 2019)

-За свињите, ќе биде период на распаѓање на старите обрасци и почеток на нови животни фази. Во љубовта и врските, свињите ќе бидат поканети да ги отворат своите срца и да освојат внатрешен мир. Иако нема да има лесни решенија, постојат шанса да излезете од стресот и неизвесноста. Во деловниот живот, свињите ќе бидат повикани повеќе да му веруваат на својот инстинкт и интуиција.

Извор: hellomagazin.rs