Утрински навики од кои треба да се ослободите

Добивај вести на Viber

Утрото треба да го започнете свежи и одморени, а за таа цел треба да се откажете од некои навики.

  • Немојте да го одложувате алармот и да продолжувате со спиење, затоа што потоа ќе се чувствувате уште поуморни.
  • Немојте да се туширате со многу топла вода затоа што тоа ќе ве успие, а нема соодветно да ве подготви за новиот ден.
  • Од кафето не мора да се откажувате, но најдобро е првото кафе да го пиете по 9.30 часот.
  • Појадок можете да подготвите ден претходно, а истото важи и за облеката која можете да ја подготвите уште од вечерта.
  • Рано наутро не мора да ги проверувате мејловите затоа што тоа понекогаш создава стрес.