Утрински ритуал за привлекување пари: Направете една работа кога ќе станете и ќе пливате во пари

За привлекување пари и зголемување на финансиските приходи, потребно е првенствено да се има позитивен однос кон парите, без негативни и песимистички убедувања. Постојат навики и научени обрасци на однесување кои не‘ спречуваат да бидеме богати - ослободете се од нив.
Најважниот магнет за пари се всушност нашите мисли. Еве два утрински ритуали кои ви помагаат да привлечете пари:
Утрински афирмации
Утринските афирмации имаат моќ да мотивираат, да не‘ поттикнат да го постигнеме она што го сакаме и да создаваат позитивни вибрации во животот. Повторувајте ги често наутро за да ја активирате енергијата на изобилството во вашиот живот и да се поттикнете да ги привлечете парите што ги сакате. Кажувајте си ги секојдневно кога станувате или пред огледало додека се подготвувате за работа.
Можете да излезете со свои афирмации, најважно е во нив да има ваша намера, но во сегашно време. Кога ги кажувате, обидете се да го живеете она што го кажувате.
Еве неколку примери на наједноставните и најдобри финансиски афирмации:
„Го менувам животот и привлекувам пари.“ „Добро си ја работам работата.“ „Парите ме сакаат затоа што ги сакам.“ „Успехот го привлекувам како магнет“.
Утринска медитација
Утринска медитација – се користи за враќање на енергијата и создавање мотивација. Можете да ставите во вашиот ум каква било мисла, каква било слика, да постигнете какво било расположение. Веднаш по будењето измијте го лицето и развесете се. Потоа седете една минута. Затворете ги очите и размислете како ќе ја постигнете целта. На пример, ако треба успешно да поминете интервју за работа, замислете го тој процес и прикажете се во најдобро светло, пишува Најжена.
Ако имате многу проблеми за решавање денес, замислете како ги правите работите и како успевате. Најважно во процесот на медитација е да се фокусирате на задачата, да влезете во состојба на проток. Медитацијата оди добро со афирмации. Додека медитирате, можете да си повторите „привлекувам пари и успех“, а потоа визуелизирајте го овој процес. На овој начин го насочувате умот кон финансиски успех.
Фото: Женски магазин