(ВИДЕО) Мелем за душа: Легендарната ,,Чија си" во изведба на Благој Нацоски

Добивај вести на Viber

Познатиот македонски тенор Благој Нацоски, кој со години наназад живее и работи во Италија, додека трае корона кризата, тој често на социјалните мрежи поставува видеа со снимени песни. 

Ова го прави како што вели да пренесе позитивна енергија до неговите фанови. 

Едно од многуте вакви видеа е и она со легендарната „Чија си” од Славе Димитров, за која што Нацоски наведува дека е негова омилена. Уживајте во прекрасната изведба на Нацоски.