Животна училница // Приказни
(ВИДЕО) Сакаше да пее на „Евросонг“, заврши во реално шоу: Талентите на Боки 13
- 17 Јули, 2019 10:19

За талентите на Бојан Јованоски многу се пишувало. Од времето кога секојдневно се шеташе во женска гардероба, до моментот кога се амбицираше да ја претставува нашата земја на „Евросонг“. Многумина му ги оспоруваа вештините, но тој секогаш нагласуваше дека е шоумен и дека едноставно тоа е дел од неговата работа.
Боки 13 не запеа на „Евровизија“, но заврши во српско реално шоу. Од многуте изблици на ТВ-екраните, го одбравме овој во продолжение. Без никаква тенденциозност, едноставно поради рефренот со силна симболика.