Влезе во шестата деценија: Животната приказна на убавата кралица од Јордан, Ранија

Се смета за најубавата, но и најдобро облечена кралица, Ранија - жената што светот ја обожава наполни 50 години.
По повод нејзиниот роденден, убавата кралица Ранија сподели посебен семеен портрет, но и важна порака:
"Ништо не може да го расипе денот поминат со луѓето што ги сакате најмногу. Ви благодарам на сите за прекрасните честитки за роденденот - ми го направивте денот!"
Со посебен стил го одбележа својот јубилеј и на тој начин успеа да му оддаде почит на Либан.
Познато е дека Ранија ја почитува земјата во која е гостин на службени патувања, и носи креации потпишани од локални либански дизајнери. Овој пат, таа воодушеви многумина со портрет во сив фустан создаден од либанскиот дизајнер Дарин Хачем.
„Чест ми е, ова е надеж за нашата земја“, изјави дизајнерот, потсетувајќи на стравичната експлозија во Бејрут, Либан.
Инаку по повод нејзиниот роденден, кралицата сподели и досега необјавени фотографии со семејството (сите фотографии во галеријата подолу).
Кралицата Ранија и кралот Абдула Втори се свршија само шест месеци по започнувањето на врска, а тие се во брак од 1993 година и имаат четири деца.
Иако одредени скандали честопати се поврзуваат со кралските семејства на Стариот континент, Ранија и Абдула се држат настрана од какви било инциденти и се обидуваат да решат многу проблеми во нивната земја позната по големиот број сиромашни луѓе. Кралицата ги насочи своите активности кон решавање на прашања од национално значење, но најважниот аспект на нејзините активности е борбата против насилството врз децата и жените.
Сепак, за фактот дека Ранија не била одсекогаш омилена кај народот, покажуваат бројни протести на територијата на арапските земји. Граѓаните го креваат својот глас против сиромаштијата, а нивното незадоволство е насочено и кон фактот дека жените водат луксузен живот, па Ранија често била мета на вербални напади.
Иако е почитувана во арапскиот свет како борец за правата на жените и мајка на четири деца, Ранија е кралица на една од најсиромашните земји во регионот. И покрај мислењето дека таа ги провоцира Јорданците со својата огромна палата и многубројната придружба, неспорно е дека во моментов е една од најхаризматичните дами на светот.
извор:glossy.espreso/stil.kurirфото:Profimedia
Галерија од досега невидени фотографии кои кралицата ги сподели по повод нејзиниот роденден:







