За нив 2020 година можеше да биде кобна: Светски ѕвезди кои коронавирусот не ги одмина

Добивај вести на Viber

Том Хенкс беше првата холивудска ѕвезда која објави дека има Ковид - 19, а откако се опорави раскажа колку лошо се чувствувал...

За многу светски sвезди, 2020 година беше исклучително тешка поради пандемијата што владее со планетата. Бизнисот можеби за некои цветаше, но здравствената состојба поради коронавирусот целосно ги скрши. Неколку јавни личности од светот на актерството, музиката и шоу-бизнисот воопшто, едвај ја извадија главата жива откако беа заразени со Ковид - 19, а Том Хенкс беше меѓу првите што ја информираше јавноста за тоа.

Том Хенкс е првата холивудска sвезда што објави дека има коронавирус и тоа на 11 март оваа година. Тој напиша на Твитер и Инстаграм дека тој и неговата сопруга, актерката и пејачка Рита Вилсон биле тестирани за коронавирус. Двојката тогаш престојуваше во Австралија, каде што Хенкс снимаше филм, а се тестистирале откако почувствувале умор и болка со лесна треска.

View this post on Instagram

A post shared by Tom Hanks (@tomhanks)

„Се чувствував како коските да ми се направени од крекери. Кога одев, имав чувство дека секоја коска во моето тело пука“ - вака Том зборуваше за неговата состојба и додаде дека дури и задникот го болел, па затоа не можел да седи нормално.

Олга Кириленко

Актерката и модел Олга Кириленко беше позитивна на коронавирус кон средината на март, а во тоа време доби поддршка од целиот свет. Меѓу оние кои и посакаа брзо закрепнување беа и нејзините колеги.

View this post on Instagram

A post shared by Olga Kurylenko (@olgakurylenkoofficial)

„Температурата ја спиштам со парацетамол, пијам витамини, свежа лимонада и јадам лук ... добро е за имунитот“ - рече „девојката на Бонд“.

„Се заклучив во својот дом откако дознав дека сум позитивен на коронавирус. Всушност, болна сум една недела. Треска и замор се моите симптоми. Грижете се за себе и сфатете го ова сериозно“ - напиша Олга. Меѓу првите се огласи нејзината колешка, актерката Мила Јововиќ, која и беше поддршка.

„О Боже, биди добро, девојко! Се молиме за тебе“ - и рече Мила на убавата Украинка.

Деби Мазар

Американската актерка Деби Мазар на својот Инстаграм профил на 21 март објави дека е позитивна на коровавирус и по тој повод објасни какви симптоми има.

„Јас сум позитивна на Ковид - 19. Јас сум добро. Пред околу еден месец, мојот сопруг, двете ќерки тинејџерки и јас добивме треска, главоболка, болки во грлото, болки во телото, ѕвонење во ушите и сува кашлица. Наскоро ни беше подобро. Мислев дека е сезонски грип, но се чувствував некако чудно, поразлично. Две недели подоцна, на 15 март, се разбудив со истите симптоми, но со многу силна болка во телото и повисока температура“ - напиша Деби.

Таа тогаш истакна дека е на домашно лекување, како и дека нејзиното семејство во тоа време било во самоизолација и дека немале никакви симптоми.

Дејвид Брајан

Клавијатуристот на познатата група „Бон Џови“ објави дека има коронавирус на 22 март. Дејвид Брајан охрабри многумина во својот пост на Инстаграм.

„Резултатите ги добив денес и мојот тест за Ковид - 19 беше позитивен. Болен сум една недела и се чувствувам подобро. Ве молам, не плашете се! Тоа е грип, не е чума. Јас сум во карантин една недела, а ќе бидам и следната недела“ - напиша Дејвид.

Пинк

Пејачката Пинк на почетокот на април на својот профил на Твитер призна дека била заразена со коронавирус. Тогаш Пинк изјави дека таа и нејзиниот тригодишен син почувствувале симптоми две недели пред тоа, по што била тестирана и се утврдило дека е позитивна.

Пејачката во своето соопштение додаде дека членовите на нејзиното семејство во тоа време биле во домашна изолација и дека биле негативни на коронавирусот. Таа исто така апелираше на Твитер за доброволно и сеопфатно тестирање.

Идрис Елба

„Несудениот Џејмс Бонд“, актерот за кого се шпекулираше дека ќе го наследи Даниел Крег во улогата на познатиот британски шпион 007, уште во март објави дека бил тестиран и позитивен на ковид-19.

„Ме тестираа утрово и беше утврдено дека сум позитивен на Ковид - 19. Се чувствувам добро, немам никакви симптоми засега, но сум во изолација откако дознав дека сум позитивен. Луѓе, останете дома и бидете прагматични. Не паничете“ - напиша 47 - годишниот актер на почетокот на епидемијата.


Идрис Елба објави и видео во кое ги објаснува причините зошто бил тестиран и наведува дека бил изложен на вирусот. Елба исто така повика на промовирање на „социјално дистанцирање“ и на што почесто миење раце.

Алиса Милано

Познатата актерка Алиса Милано на почетокот на август откри дека била позитивна на коронавирусот во април. Она што најмногу ја шокираше јавноста беа последиците со кои се соочила. На почетокот на август, Алис објави видео на Твитер на кое се гледа како се чешла, а косата и паѓа.

Дозволете ми да ви покажам што прави Ковид - 19 на вашата коса. Ве молам, сериозно сфатете го вирусот и носи маска“ - рече Алиса Милано.

Антонио Бандерас

Актерот Антонио Бандерас на својот 60-ти роденден објави дека е во карантин, бидејќи му беше дијагностициран коронавирус, изјавувајќи дека се чувствува релативно добро и дека е само малку уморен.

„Денес, 10 август, принуден сум да го прославам својот 60 - ти роденден почитувајќи го карантинот, бидејќи сум позитивен на Ковид - 19“ - напиша актерот на социјалните мрежи.

„Се чувствувам релативно добро, само што сум малку поуморен од вообичаеното. Се надевам дека, следејќи ги медицинските упатства, ќе се опоравам што е можно поскоро, дека ќе ја надминам инфекцијата што ја имам и која погодува толку многу луѓе на планетата“ - рече актерот.

Актерот ја искористи изолацијата за да чита, да пишува, да се одмара.

Роберт Патисон

Позитивниот тест на познатиот актер за коронавирус мораше да го одложи снимањето на филмот „Бетмен“. Снимањето потоа беше прекинато по втор пат, само неколку дена откако продолжи по паузата заради пандемијата.

Канје Вест

Раперот зборуваше неколку пати за време на предизборната кампања во САД и истакна дека Ковид - 19 го спречил да продолжи да се ангажира понатаму. Сепак, неговата сопруга Ким Кардашијан откри дека Канје бил позитивен на вирусот.

„Канје имаше корона на почетокот, кога никој не знаеше за што станува збор. Беше толку ужасно и непознато. Имав четири бебиња и никој до мене да ми помогне“ - изјави Ким.

Кардашијан откри дека Канје бил тестиран кога и Том Хенкс и Рита Вилсон.

„Морав да му ги менувам чаршафите и да му помогнам да стане од кревет кога не се чувствуваше добро. Тоа беше предизвик, бидејќи сè беше непознато. Менувањето на чаршафите со ракавици на рацете и штит за лице беше застрашувачко. Можеби на нашата планета и треба пауза“ - рече Ким.

Андреа Бочели

Италијанскиот оперски пејач, текстописец и продуцент Андреа Бочели им откри на италијанските медиуми дека бил заразен со коронавирус за време на првиот бран, но дека го преболел без никакви симптоми.

Оперскиот пејач рече дека имал малку покачена температура, па не ни знаел дека станува збор за Ковид - 19.

„Сопругата, децата и јас добивме коронавирус. Имав треска, но навистина имав вирус без симптоми“ - рече музичарот два и пол месеци подоцна.