Животна училница // Приказни
Земјата како пат до рехабилитација: Пример од затворот во Гевгелија - Осудени лица одгледаа три тона тикви
- 30 Септември, 2025 15:45
Управата за извршување на санкции ги пофали затворениците од КПУ Затвор Гевгелија дека оствариле берба на три тони тикви.

Од таму додадоа дека тие сами ги одгледале овие есенски производи и им се заблагодарија за работниот ангажман.

„Дел од реализираната берба во КПУ Затвор Гевгелија на околу 3 (три) тона тикви, целосно одгледани од самите осудени лица“,соопштија од Управата.
Извор: ФАКТОР