Женското здравје не е луксуз, туку потреба: Видео кое ќе ве насмее – но и ќе ве натера да размислите!

Акушерката Наташа Борота, со хартиена ќеса, штипалка за храна и маталка, комично ни прикажува како изгледа еден гинеколошки преглед. Но зад смеата, се крие многу важна порака:
Не ја одложувај следната гинеколошка контрола!
На видеото таа напиша:
„ Потсетник за вагинален преглед и колпоскопија“.
Многу жени, од срам, страв или едноставно од брзање и обврски, ги прескокнуваат прегледите – некои со години. Во одредени средини, гинеколошкиот преглед сè уште е табу тема, нешто за кое не се зборува гласно, а уште помалку отворено. Но, реалноста е поинаква.
Фактите говорат:
* Редовен преглед може да открие болест во рана фаза – кога е најлесно и најуспешно да се третира.
* Пап тестот и ултразвукот траат неколку минути, а можат да ви спасат живот.
* Гинеколошкиот преглед не боли – но може да спречи многу болки.
* И најздравата жена треба да оди на контрола.
Женското здравје не е луксуз, туку потреба. Твојот живот вреди повеќе од еден преглед годишно.
РЖМ - Г.Д.ГФото: Принтскирин/ Инстаграм/ Freepik.com