Настани,
Настани
Доделени наградите од наградната игра на Охридска банка Сосиете Женерал „За чист град пазари со нашата Мастеркард“
Официјалното извлекување на добитниците на награда се одржа на 21.02.2018 година, во просториите на Банката, во присуство на трочлена комисија, составена од двајца вработени во Банката и овластен нотар.
Со доделување на вкупно 70 велосипеди, Охридска банка Сосиете Женерал уште еднаш покажа дека како општествено-одговорна компанија, се грижи за животната средина, за чистиот воздух и се обидува да влијае за подигање на јавната свест за промена на навиките на граѓаните за употреба на алтернативни средства за јавен транспорт, а со тоа се придонесува и до заштита на животната средина.
Благодарение на оваа иницијатива и на успешната наградна игра, денес имаме 70 нови велосипеди на улиците низ Македонија кои освен што ќе го подобрат урбаниот лик на населените места и градовите, туку ќе делуваат и локално за почиста околина.
Нѐ радува што добитниците на велосипеди од различни возрасни групи и различни населени места од земјава, изјавија дека ентузијастички ќе ги користат велосипедите за рекреативни и туристички потреби, но и како алтернативно средство за превоз.
Имињата на добитните се објавени на веб страната на Охридска банка Сосиете Женерал www.ohridskabanka.mk.