Животна училница // Приказни
„Леб и сол“, „Суперхикс“, „Љубојна“… Како македонските бендови ги добиле имињата?
„Леб и сол“ инсистирале името да асоцира на македонската традиција[/caption]
Кога се формирал легендарниот македонски состав „Леб и сол“, Влатко Стефановски побарал совет од брат му, драмскиот писател Горан Стефановски. Нему и на останатите членови им било важно името да асоцира на македонската традиција и култура. Горан направил список со десетина имиња што би биле интересни за рок-бенд. Меѓу предлозите се нашло и името „Леб и сирење“.
- Самото име многу кажува за нашата култура, за традицијата, за гостопримството. „Леб и сол“ е израз за добредојде. Во текот на годините, со бавењето со изворната музика и фолклор, името одлично се залепи за групата – изјави во една прилика Стефановски.
Актерот и музичар Горан Трифуновски во едно интервју откри дека неговиот бенд се вика „Пеперминт“ поради две причини.
- Значи освежување, но во исто време е и нане, лековито растение против болки во стомакот. Идејата ни беше да донесеме освежување на музичката сцена и лек против болките во стомакот кај слушателите кои се задушени од турбофолкот – појасни тој. За симболиката на името често зборувала и Вера Милошевска, вокалистката на етно-составот „Љубојна“. Сè уште се прераскажуваат анегдотите кога фановите ја прашувале дали групата е од Скопје или од Љубојно.
- „Љубојна“ е кованица од љубов и од бои. Но, исто така, асоцира на љубовно бојно поле. Така ние ја разбираме музиката додека сме на сцена. „Љубојна“ е и поетично име, женско име, па асоцира и на мене, како женски вокал на групата–откри Милошевска.
„Љубојна“ е кованица од љубов и од бои[/caption]
Нивните колеги од „Ај Кју“, пак, настојувале да смислат нетенденциозно име кое, како што велат, нема да крие некоја голема мистерија, а ќе биде лесно за препознавање. Сепак, низ годините се докажа спротивното, бидејќи само изговорено, името може да има повеќе значења како коефициент на интелигенција или ишарет.
Близнаците Мартин и Стефан Филиповски од дуото „Некст Тајм“, инспирацијата ја добиле од филмот „Следниот“ (Next) во кој Николас Кејџ е магионичар од Лас Вегас кој може да гледа во иднината. Името им го предложила нивна блиска другарка од Мајами. Со продуцентот со кој во тој период соработувале го додале „Time“ и така станале „Некст Тајм“ (Следниот пат).
[caption id="attachment_5136" align="aligncenter" width="610"]
„Суперхикс“ се инспирирале од култниот стрип „Алан Форд“[/caption]
Македонскиот ска-панк состав „Суперхикс“, пак, за името се инспирира од Суперхик, тотален антихерој од култниот стрип „Алан Форд“.
За Женски Магазин, Ѓорге Стојанов