Животна училница // Приказни
Утринско кафе со м-р Емилија Бошковска: Уживам во сѐ, затоа сум неуморна
Денот најчесто ми завршува во разговор и дружба со моите два ангели, веќе млади луѓе кои прераснуваат во прекрасни личности, сериозни соговорници и со кои се гордеам бескрајно. Приквечер кога сите завршуваме со своите обврски, следат задолжителните „специјални“ сендвичиња (некогаш и во 23 часот) и споделувања за поминатиот ден, секако во друштво и на четвртиот член на семејството Болд кој сите го обожаваме и кој не успеа да стекне свесност дека е куче:).
Во некое не толку дамнешно време се гордеев со богатата библиотека која ја поседував и бев во тек со сите нови книги кои излегуваа, но во последните неколку години откако сум на докторски студии единствено читам стручна литература и искрено сум желна да се релаксирам со добра белетристика…уште малку…