Животна училница // Приказни
Утринско кафе со Наташа Петровска: Малку ми треба за среќа
“Биди промената којашто сакаш да ја видиш во светот“ е еден цитат од Махатма Ганди кој секој ден си го повторувам одново и одново и на тој начин се мотивирам и се трудам апсолутно за сѐ во животот, без разлика дали станува збор за професионален или приватен предизвик.
Во Фигурела го минувам поголемиот дел од денот. Откако ќе завршам со обврските таму, се фокусирам на семејството и најблиските. Уживам во времето поминато со нив.
Апсолутно секој ден, по минимум 60 минути издвојувам за вежбање, не можам да си го замислам денот без физичка активност. Во последните неколку години ноќните излегувања ми се на стенд бај и се почесто сум дома. На пример, сакам да седам покрај камин, да запалам свеќа, да изгледам некој добар филм, за прочитам интересна книга… Многу малку ми е потребно за среќа!
- Наташа Петровска е сопственичка на студио Фигурела