Животна училница // Приказни
Утринско кафе со Петар Георгиевски-Камиказа: Трчањето ме инспирира
Ме мотивира сè живо и диво околу мене. Луѓето, муабетот, инаетот, среќата, трчањето, музиката, децата, бендот и уште милион други работи кои ме окружуваат.
Деновите често ми се хаотични, полни со разни обврски, од сите области и луѓе кои ме окружуваат.
Рано си легнувам, обично околу 23 часот, веќе сум во кревет. Ако сум дома порано, читам книга или шарам по Фејсбук. Филмови обожавам да гледам, а мојата сопруга постојано се чуди од каде секогаш ја знам содржината однапред… Интуиција…Хахаха