365 дена без Гру: Љубовната приказна на него и убавата Даница е за сите времиња

Добивај вести на Viber

Покојниот рапер од 1999 година беше во врска со поранешната манекенка, а во 2007 година ја ожени...

Покојниот рапер Далибор Андов Гру загина пред една година, на 9 септември 2019 година, во 46 - тата година од животот, кај наутичкиот клуб „Земун“ откако со параглајдер паднал во вода.

Вчера се одбележа годишнината од смртта на познатиот рапер, додека семејството на 5 септември одржа помен на гробиштата Орловача“, каде Гру беше погребан на 12 септември 2019 година.

Далибор беше вечер шармер. Имаше душа на момче и во потполност беше посветен на своето семејство. Го поврзуваа со најзгодните девојки, секогаш беше во друштво на убави жени, но неговото срце успеа да го освои само една.

Својата сопруга Даница Првуловиќ, некогашна успешна манекенка и шармантна русокоса, Гру ја запозна во 1999 година. Важеа за еден од најубавите парови на јавната сцена.

По врската долга седум години, во среќен брак останаа се до смртта на раперот.

Се венчаа во 2007 година, по веста дека ќе станат родители за првпат. Набрзо го добија синот Вук, а три години подоцна се роди уште еден наследник - Реља. Иако Даница сакала ќерка, Гру тогаш призна дека се надевал дека ќе имаат син.

„Еден ден би сакал да имам и ќерка. Иако, сега размислувам за девојчиња, се замислувам себе како татко од второто продолжение на филмот „Ние не сме ангели“, но претпоставувам дека човек се навикнува на се. Инаку, велат дека девојчињата се прекрасни и мили кога се мали, потоа растат“ - зборуваше Гру во 2011 година.

Даница на Гру му беше најголема поддршка. Нивната долгогодишна љубовна врска на многумина им делуваше како бајка, а обожавателите беа многу среќни што ја избра токму убавата Даница. Некако со него навистина секогаш одеа вистински убавици, бидејќи важеше за еден од најголемите белградски фраери.

„Првпат ја видов во кафулето „Синема“. Стоеше со еден тип кој го познавам и така започна приказната. Имав тактика - малку ја меркав, тогаш ја пуштив малку да помина, да и слегнат импресиите, па дури тогаш тргнав во акција. Не беше тешко. Се шегувам, секако, тоа беше најтешкото додворување во мојот живот“ - раскажа Гру за „Блиц“ во 2004 година.