6 грешки кои ги правиме секое утро

Добивај вести на Viber

Честопати мислиме дека го започнуваме денот на вистински начин и нема како да тргне наопаку, но вистината е дека некои банални утрински активности што ги извршуваме може да бидат сосема погрешни или барем не толку корисни.

Она што го правиме наутро веднаш штом ќе ги отвориме очите е клучно за тоа како ќе се чувствуваме до крајот на денот.

Група истражувачи за спиење објаснуваат дека повеќето од нашите вообичаени постапки се целосно погрешни и затоа не го добиваме она што го очекуваме.

Еве кои 6 грешки најчесто ги правиме секое утро:

* Не измачувајте се со неважни одлуки

Марк Цукерберг во едно интервју рече дека носи иста облека за работа секое утро. Тој купил неколку пара од иста маица, а целта на тоа е да не му пречи на мозокот со носење непотребни одлуки како, што да облече денес.

Идејата зад ова е дека нема смисла да се оптоварува мозокот со непотребни активности што немаат толку важно решение. Ако сè уште не сакате да се облекувате на ист начин, тогаш што да облечете можете да одлучите ноќта пред спиење. Ова ќе го направи мозокот посвеж наутро и помалку зафатен.

* Не проверувајте ја вашата e-mail

Тука причината зошто не да не го правиме тоа е на ментално ниво. Поентата е дека кога ќе ја отвориме е-поштата наутро и ги проверуваме сите задачи што не сме ги направиле и нè чекаат, во телото се појавува стрес. И тоа не е најдобриот почеток на денот, зар не?

* Заборавете на дремката по алармот т.е не користете ја опцијата на алармот snooze

Kога ќе решиме да поспиеме уште малку, откако алармот не сигнализирал да станеме, се повредуваме. Според аналитичарите за спиење, кога повторно ќе заспиеме, макар и малку, го враќаме мозокот во состојба на сон. Тие исто така објаснуваат дека ако тоа ни се повтори неколку пати, тоа всушност ќе ни создаде вртоглавица, па дури и ќе бидеме повеќе заспани.

* Не останувајте во темница и не останувајте во кревет долго

наместо да лежете, вежбајте. Студијата спроведена во Белгија открила дека вежбањето пред појадок согорува повеќе маснотии.

* Не одложувајте важни задачи

Колку и да е неверојатно како што звучи, самоконтролата наутро е поголема. Тоа е причината зошто, според научниците, ќе се мобилизираме за важни задачи ако стануваме да ги направиме после спиењето. Истражувањата на оваа тема покажуваат дека одложувањето на истите во подоцнежниот дел од денот почесто доведува до нивно оставање за друг ден.

* Не пијте кафе

Во здраво тело, секое утро кога ќе се разбудиме, се активира хормон наречен кортизол. Тоа предизвикува телото да се „разбуди“ бидејќи го подготвува да се справи со стресните околности и обезбедува корисни извори на енергија. Најактивен е околу 6 и 8 часот наутро. Меѓутоа, кога пиеме кафе, внесуваме кофеин во организмот, што работи на ист начин. Кога пијалокот се зема систематски, тоа го прави телото „мрзливо“ и започнува да го синтетизира кортизолот во помали количини, бидејќи учи да прима енергија од кафе.

Извор: edna.bg