8-ми март не е само цвеќе и подароци: Приказна што ќе ви ги отвори очите

Добивај вести на Viber

Денес е Ден на жената, осми март, и денес сите се сеќаваат на својата мајка, сопруга, сестра, подаруваат цвеќиња, симболичен подарок, и потоа забораваат што направила таа за нив во текот на сите други денови.

Еве една приказна за мајка која треба да ја читате по еднаш на ден:

Како и повеќето постари луѓе, и оваа мајка не се разбираше од мобилни телефони, но неодамна си набави еден. По некое време, мајката заклучи дека телефонот ѝ е расипан.

Одеше долго време барајќи продавница за телефони и најде некој да го поправи дефектот. Кога конечно ја најде продавницата, беше доцна и тие веќе беа затворени. Следното утро, мајката некако пак ја пронајде продавницата.

„Господине, можете ли да го поправите мојот телефон?“, рече мајката.

Работникот погледна во телефонот, го провери и рече: „Госпоѓо, вашиот телефон е во ред“.

Мајката со солзи праша: „Па, зошто никој од моите деца не ми се јавува?“

извор:курир.рс