„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ГО ДОБЛИЖУВА ВРВНОТО ЗДРАВСТВО ДО ПАЦИЕНТИТЕ - Нова можност за избор на специјалист и медицинска услуга по намалени цени

По примерот на европските и светските
медицински центри, Клиничката болница „Аџибадем Систина“, од 9 септември,
започнува нов пристап на наплата за здравствените услуги. Со овој модел, цената
заиста услуга во болницатаќе има две ценовни категории и ќе зависи од изборот
на специјалистот, кој ги изведува прегледот или интервенцијата. Поделбата на докторите е направена во согласност со академската титула,
долгогодишното клиничко искуство, бројот на изведени процедури,како и
достапноста на докторот.
Промената на цените на услугите ќе важи за прегледите и интервенциите што ќе бидат закажани почнувајќи од 9септември. За пациентите што веќе имаат закажано термин за хируршка интервенција пред овој датум, ќе важат цените што биле валидни во периодот на закажување на интервенцијата.
Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е дел од втората најголема групација на болници во светот и 25 години е лидер во здравствениот сектор во земјава и регионот. Повеќе од 1 милион регистрирани пациенти зборуваат за довербата во тимот и успехот во лекување на пациентите. Секој пациент, независно од изборот на докторот, добива врвна здравствена нега во согласност со највисоките JCI-стандарди за безбедност и квалитет. Целокупниот тим доктори се внимателно селектирани врвни професионалци, кои работат според светски протоколи, посетуваат континуирани стручни едукации во референтни медицински центри и секој од нив е еднакво посветен на грижата за пациентите. Дополнителна предност во третманот на пациентите е поддршката од целокупниот систем на болницата, можноста за користење на најсовремена медицинска технологија за дијагноза и третман,како и мултидисциплинарен пристап во одлуката за лекување.
„Секој пациент во нашата болница добива еднаков пристап базиран врз искуство, доверба и грижа. Она што ја издвојува нашата болница е посветеноста на целиот тим доктори,сестринската грижа, најсовремените стандарди и услови за болничка нега. Токму во тоа е и предноста на пациентите сега што истата квалитетна грижа, во зависност од изборот на доктор, ќе имаат можност да ја добијат за намалени цени. Главната цел со новиот пристап е да ја направиме нашата здравствена грижа што подостапна“, изјави д-р Емилија Мирчевска, медицински директор на „Аџибадем Систина“.
Нова патека на прием и насочување на пациентите во Ургентен центар
Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е единствена приватна болница во државата која располага со најсовремен Ургентен центар за возрасни и Ургентен центар за деца, кои обезбедуваат здравствена грижа на итни состојби од сите области на медицината, вклучувајќи над 40 медицински гранки. Почнувајќи од септември, болницата воведува и нова патека на прием и насочување на пациентите во ургентните центри, која ќе овозможи брз и навремен третман по примерот на светските центри за ургентна медицина.
Сите потребни информации за изборот на лекарот и цената на услугата, пациентите може да ги добијат преку официјалниот број на Контакт-центарот на болницата 02/3099500, достапен 24 часа секој ден во неделата, како и на информативните пултови во болницата. Од овој месец, во болницата е отворена и канцеларија за информации за цени, каде што пациентите може да се консултираат и да добијат детална информација за своето барање.
„Аџибадем Систина“ е посветена на постојано подобрување и иновации во здравствената заштита. Ваквиот пристап на лекување, со можност за избор на лекар и цена на услуга, е практика во големите светски реномирани болници како Mayo Clinic, Cliveland Clinic и голем број европски медицински центри, меѓу кои и болниците на здравствената групација „Аџибадем“.Болницата продолжува да ја негува транспарентноста во комуникацијата и го унапредува системот на здравствена грижа, кој во главниот фокус ги става потребите на пациентот.
ПР објава