АКО ЧЕКАТЕ ИСПЛАТА НА „МОЈ ДДВ“: УЈП со соопштение до скенирачите

До крајот на месецов граѓаните на своите сметки треба да ги добијат парите од „МојДДВ“. Од Управата за јавни приходи информираа дека исплатата е во тек и дека заклучно со денеска исплатени се средства на 344 илјади корисници, а за обработка остануваат уште 152.543 корисници.
- Исплатата на МојДДВ е во тек и заклучно со денешен датум 19.02.2025 година, од вкупно 496.543 корисници на МојДДВ исплатени се средства на 344.000 корисници. Во наредните денови па се до крајот на месец февруари, кога е и крајниот рок за исплата на средствата за последниот квартал од 2024 година, ќе бидат обработени податоците и за останатите 152.543 корисници и средствата ќе бидат исплатени на нивните сметки. За скенирани сметки во период октомври – декември 2024 година кон корисниците на МојДДВ ќе се исплатат над 870 милиони денари по основ на МојДДВ, велат од УЈП.