Албански фудбалер и српска манекенка: Забранета љубов која ги сруши сите бариери на Балканот

Добивај вести на Viber

Љубовта помеѓу српскиот модел Алиса Миленковиќ и Берат, албански фудбалер кој игра за Аталанта, за јавноста познати како пар кој руши предрасуди, бариери и стереотипи, сега се развива во нова етапа.
Имено фудбалерот на Аталанта, Берат Ѓимишити и неговата девојка Алиса се венчаа и станаа родители. 


Врската меѓу српскиот модел и Берат Ѓимишити стана центар на внимание во 2015 година, пред гостувањето на репрезентацијата на Србија во Албанија, кога албанските медиуми со гордост објавија дека оваа секс-бомба ќе биде единствената Србинка која ќе ги поддржува „Црните орли“.

Алиса и Берат се запознале во Цирих, каде што живеела таа, додека фудбалерот, со потекло од Косово, играл за истоимениот клуб во Швајцарија.

Тие исто така ја совладаа и кризата во 2016 година, кога, според медиумите, Алиса го оставила фудбалерот, а тој страдаше и плачеше за неа.
Сепак, следуваше помирување, веридба, венчавка и бебе со што оваа „забранета“ љубов, како што многумина ја нарекуваа,  ја доби својата круна во форма на нов живот.

фото:instagram

извор:telegraf.rs