Аманда Горман: Најмладата поетеса во историјата на инаугурацијата испрати моќна порака
Долго очекуваниот ден на инаугурацијата на новиот американски
претседател Џозеф Р. Бајден Јуниор донесе многу преседани: прва потпретседателка на САД во историјата, исто така и првата потпретседателка со
азиско-афро-американско потекло, прва дама што си ја задржа работата, што
никогаш порано не се случило,
но и најмладата поетеса што некогаш ги зборувала своите стихови на ваков
настан.
Станува збор за Аманда Горман, 22-годишна девојка која се запиша во историјата со својот настап. Поранешна врвна студентка по социологија на престижниот Харвард универзитет, активист, добитник на бројни академски награди и љубител на поезијата од рана возраст, стана најмладата личност во историјата што извела песна на инаугурацијата на американскиот претседател во Капитол.
Аманда самоуверено и гордо ја изрецитира поемата „Ридот што го искачуваме“. Нејзиниот настап бил предложен од Џил Бајден, сопругата на новиот американски претседател Џо.
Фото: Youtube/screenshoot/CNBC Television
CNBC Television
Moжеби ќе ве интересира:
(ФОТО) Боја што симболизира доверба и стабилност: Модниот избор на Џил Бајден на инаугуриацијатаИнаугурација полна со симболики: Зошто најмоќните жени на САД ја одбраа виолетовата боја?