Ана ослабела 152 килограми, но сега има шест килограми кожа вишок: Никогаш не се чувствувала полошо, вакви проблеми не очекувала!

Добивај вести на Viber

После толку години конечно е задоволна од својот изглед

Ана е 28-годишна Американка која ја раскажала својата приказна за екстремното слабеење во познатото шоу „Мојата екстремна вишок кожа“, и признала страшна вистина.

Имено, таа одела на операција на желудникот и ослабела дури 152 килограми, но сето тоа и донело нови проблеми, т.е. огромен вишок кожа.

- Секогаш кога ќе се погледнам во огледало чувствувам само срам. Сега сум со нормална големина на човек, но ова е нешто што не можам да го изгубам, без разлика колку вежбам, без разлика што јадам. После толку напорна работа, сè уште сум заглавена со потсетување на личноста што бев порано - ја започнува својата приказна Ана.


Кога била најдебела имала 215 килограми, а вели дека и било физички исцрпувачко, но и психички и емоционално. Имала и голем број здравствени проблеми.

28-годишната девојка од Њу Џерси има прекумерна тежина од својата 4-та година, а нејзините родители велат дека таа постојано се дебелее без разлика на тоа што се сѐ обидувале да направат. Нејзината мајка истакнала дека како имала проблеми да се качи во автобусот, авионот, луѓето гледале во неа каде и да тргнела...


До крајот на средното училиште имав 142 килограми. Се сеќавам дека ме малтретираа моите врсници, ми фрлаа храна по ходниците. Ги избегнував луѓето. Времето најмногу го поминував во библиотека, каде што бев безбедна од луѓето - истакнала таа.

- Се чувствувам ужасно и го мразам своето тело. Сакам да се чувствувам како да припаѓам некаде и не морам повеќе да се кријам. Не сакам ќерка ми да се срами од мене, да мисли дека не изгледам нормално - низ солзи рекла Ана.


Бидејќи целта на шоуто во кое учествувала била бесплатна операција за затегнување на кожата, истата ја добила. 

„Зачудена сум како изгледа моето тело сега. Оваа мама е среќна што конечно може да излезе и да се забавува со ќерка си, и без срам да облече костим за капење – заклучила таа.


ФОТО: Printscreen/Youtube