Ана Винтур (71) повторно заљубена? Дали славниот актер од романтичните комедии го освои срцето на челична дама?!

Добивај вести на Viber

Момчето на Ана Винтур е добро познато на обожавателите на романтични комедии

Дали е ова „Всушност љубов“? Откако минатата година се разведе од својот втор сопруг, бизнисменот од Тексас, Шелби Брајан, првата дама на американскиот магазин „Вог“ е под постојан надзор на папараците кои се обидуваат да откријат дали во нејзиниот живот се појавила нова љубов.

Кој го стопи срцето на „челичната дама“ Ана Винтур? Познатиот британски актер Бил Нијехи одамна е „сомнителна личност“, а нивната неодамнешна средба во ресторанот „Пјерлуиџи“, ни помалку ни повеќе отколку во вечниот Рим, може да биде доказ дека тие станале повеќе од пријатели. 

Имено, ѕвездата на филмот „Love Actually“ и уредничката на „модната Библија“ интензивно се дружат со години. Заедно одат на модни ревии, премиери, ревии ... Но, заедно да патуваат на романтични европски дестинации - тоа досега не е забележано. Бил пристигна во римски ресторан со црвени рози („that's amore“). 

Вечера за двајца, нежен поглед, недостигаат уште купидони да летаат околу масата ... Падна и прегратката, а потоа отидоа во непознат правец. Дури видовме насмевка на лицето на секогаш строгата Ана Винтур.

И тоа веќе кажува многу, нели?


Фото: Профимедиа

Не може да ги смисли и смета дека ги носат само жени без стил: Модни парчиња кои Ана Винутр веднаш би ги запалила (ФОТО)