Ане Наумовска: Поддржувам естетски корекции ако ве исполнуваат

Целосно искрена и своја, фитнес инструкторката Александра Ане Наумовска вели дека себе си се гледа како проект. Проект на кој редовно работи и со кој се гордее. Ане активно тренира околу 6 години, го одржува своето телото, но и својот дух.
Атрактивната фитнес инструкторка на Инстаграм ја следат повеќе од 15.000 луѓе, а таа вели дека порано многу повеќе време поминувала на социјалните мрежи, периодов таа поретко ги користи: „ До пред одреден период бев доста активна на социјалните мрежи. Се трудев да мотивирам секојдневно што повеќе луѓе, да почнат да практикуваат здрав живот. Но, во моментов се наоѓам во период на промени и социјалните мрежи за краток момент ги ставив во помирна атмосфера“, искрена е Ане.
Фитнес дамата посочува дека секојдневно добива комплименти од мажи, но неретко добивала пофални зборови за нејзиниот изглед и вложен труд во себе и од дами. Ане, за Женски магазин открива дека има и лица од посилниот пол кои знаат да бидат безобразни, но таа лесно се справувала со нив: Имало и ќе има такви луѓе, за нив, само игнорирање“, категорична е Наумовска.
Ане е вистинска убавица која е атрактивна за мажите, но и инспирација за жените. „Често добивам пораки од девојки со прашања што и како, каде. Дали се огледуваат на мене не знам, сепак тоа е начин на перцепција за живот, но дефинитвно нема простор за љубомора. Желбата и трудот прават чуда“, вели Наумовска и додава дека „себе си се доживувам како проект и нонстоп имам што да поправам. Да, за средување на една дама се потребни финансии, но можеби не толку многу, колку што повеќе е потребно време“, отворено зборува Ане.
За нејзините естетски корекции, што вели за посилниот пол, и многу повеќе, продолжете на Машки магазин