Безвременски спомен од стар семеен албум: Ова се родителите на Ивана Петерс (ФОТО)

Сега е јасно на кој личи пејачката...
Пејачката Ивана Петерс е една од најдобрите женски вокали во Србија, а последните години се занимава и со продуцентска работа, а работи и како вокален тренер во рамките на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“.
Иако веќе со години е присутна на естрадата, пејачката скоро никогаш не зборува за својот приватен живот, а кариерата не ја гради на скандали. За неа се знаат малку работи, а своето блиско опкружување и членовите на семејството ретко кога ги покажува во јавноста.
Сепак, се појавија фотографии од нејзините родители кои во една прилика таа ги објави на својот Инстаграм профил, а тогаш откри и на кој личи.
Имено, во прашање е црно-бела фотографија од венчавката на нејзините родители, кога нејзината мајка имала само 20 години.
„Да. Личам на мама. Но, тој лик на мојот татко... Хм, го зедов тој став во животот, малку... Тој „swag“ Тој што ме познава, знае за што зборувам. Инаку мајка ми овде има 20 годинки“ - напиша таа под оваа фотографија.
Инаку, Ивана неодамна во медиумите истакна дека семејството ѝ е најголема поддршка, што се покажало и во некои нејзини тешки животни ситуации.
„Семејството секогаш ми помагало да ги пребродам тешките ситуации. Не сакам многу да зборувам за своите здравствени проблеми, ми поминуваше неколку пати низ глава: „Е, кога вие би го знаеле мојот живот“, но никогаш не сум размислувала сериозно за тоа да објавам автобиографија. Имам некој таен живот, можеби некогаш ќе откријам што ми се случувало и на приватен план, но и здравствен. Мислам дека треба да помине уште време, да се залечат раните и да бидам подготвена да зборувам за некои теми“ - кажа пејачката.
фото: Принтскрин / Инстаграм