Бомба од атмосфера, не од дојавата – Пеѓа Јовановиќ со енергичен настап во Скопје ВИДЕО+ФОТО ГАЛЕРИЈА

Добивај вести на Viber

Скопје синоќа беше епицентарот на музичките емоции, бидејќи еден од најомилените пејачи, Пеѓа Јовановиќ, одржа концерт за паметење пред илјадници воодушевени фанови во распродадената арена Јана Сандански.


Од првиот такт до последниот аплауз, публиката беше на нозе, обземена од емоции, песна и неверојатна енергија која Пеѓа ја носи со себе каде и да настапува.


Вечерта почна со познатиот хит „Волим те и пијан“, се редеа хит по хит, а беше обележана со совршена комбинација на раскошен сценски настап и вокална магија. Моќниот глас на Пеѓа одекнуваше низ Арената додека толпата пееше заедно со него на неговите хитови.

Неговите балади, по кои е познат, насолзи многумина, додека стотици светла од мобилните од публиката го следеа секој стих.


Пеѓа Јовановиќ уште еднаш покажа зошто важи за еден од најценетите вокали на Балканот. Неговата интерпретација, харизма и поврзаност со публиката ги остави сите без здив. 

Скопје, и покрај првичната лажна дојава за бомба која ги извади надвор околу 2000 гости пред почетокот на концертот,  му го приреди дочекот што го заслужува, а за возврат доби концерт за кој долго ќе се зборува.

Watch on TikTok


Вечерва - Нови Сад на ред!


По спектаклот во Скопје, Пеѓа Јовановиќ ја продолжува турнејата и вечерва ќе пристигне во Нови Сад каде ќе настапи во преполната сала Спенс. Билетите беа распродадени во рекордно време, а фановите од цела Војводина и пошироко со нетрпение очекуваат уште една ноќ полна со емоции, балади и познатата атмосфера која само тој може да ја создаде.

Ако се суди според вчерашната магија во Скопје, Нови Сад може да се подготви за вечерта која ќе влезе во музичката историја на градот. Пеѓа е подготвен уште еднаш да ја крене публиката на нозе и да го сподели со неа она што најдобро го знае - искрената емоција преку песна.


Да потсетиме, Пеѓа пред претстојниот Нови Сад имаше голем број успешни солистички концерти во Белград, Сараево и Загреб.



ФОТО: Женски магазин/Вангел Тануровски