Брз ручек подготвен за 12 минути: Ефтино јадење кое ќе ги воодушеви вашите гости

Рецептот што ви го носиме може да се дополни и да вклучи различни филови. Можете да експериментирате со него како сакате, основата е секогаш иста.
За да го подготвите јадењето нема да ви требаат повеќе од 12 минути.
- 3 големи компири
- 6 парчиња сланина
- 100 гр чадено сирење
- 6 јајца
- 2 лажици сечкан кромид
Подготовка:
Излупете ги компирите, па пресечете го секој на половина по ширина. Ако имате млади компири, не треба да ги лупите. Издлабете ги на пошироката страна, а на спротивната страна израмнете го за да може компирот да стои во тавата за печење.
Внимавајте да не го продупчите дното на компирот. Додека го подготвувате остатокот, компирот ставете го во вода за да не ја промени бојата.
Завиткајте парче сланина околу секој издлабен компир и прицврстете го со чепкалка за заби. Печете 45 минути на 200 степени додека сланината не стане крцкава.
Кога малку ќе се олади, на дното на компирот ставете чаден кашкавал или сирење, па врз секоја корпа ставете по едно јајце.
Одозгора посипете кромид и печете 6 до 12 минути на 180 степени.
Извор: pink.rs