Цеца Бојковиќ се избори со коронавирусот: Актерката е пуштена на домашно лекување

Добивај вести на Viber

Фото: Инстаграм/domacifilmoviiprovale/gloriamagazinsrbija

Актерката во последните месеци изгуби неколку пријатели и колеги кои починаа како резултат на вирусот ковид-19.

Откако беше утврдено дека актерката има коронавирус, како последица на вирусот следеше и пневмонија, поради што ситуацијата со здравјето на Цеца не беше најдобра.

Познатата актерка Светлана Цеца Бојковиќ пред една недела беше примена во КБЦ „Драгиша Мишовиќ“ поради пневмонија. Имено, актерката беше тестирана на ковид-19, а тестот беше позитивен, поради што ги презеде сите потребни мерки.

Здравјето на Цеца Бојковиќ цело време било стабилно, и покрај пневмонијата, а денес треба да биде пуштена на домашно лекување.

Таа неодамна истакна дека како старее сѐ повеќе ја прифаќа смртта.

извор:24sedam.rs