Чанта од 11.500 долари и џинс каков досега не сте виделе! Викторија Бекам во издание кое ги воодушеви Парижанките

Добивај вести на Viber

Дизајнерката Викторија Бекам ги диктира модните трендови, а судејќи по нејзиното неодамнешно издание на улиците на Париз, знаеме кој модел на фармерки ќе го носиме во наредните месеци.

Фармерките се секогаш, ама баш секогаш во мода. Со модел кој совршено ви стои, секогаш можете да бидете беспрекорно стилизирани. Дали за работа, прошетка, вечерно излегување - фармерките се секогаш добар избор.


Изгледа дека оваа година нема надмоќен тренд за фармерки и широкиот избор на трендовски модели продолжува.

Не е важно дали сакате тесни рамни модели, широки ногавици или ѕвонарки: важно е само да изберете што најмногу сакате да носите и во кое се чувствувате најудобно.


Сепак, Викторија Бекам има едно прашање: Што би се случило ако носиме светликави фармерки?

Дизајнерката и поранешна членка на групата „Spicy girls“ неодамна е видена на улиците на Париз во црвена поло маица која ја напикала во фармерки.

Викторија Бекам често експериментира со различни модели на фармерки, но овој пат се одлучила за ѕвонарски долен дел од темни фармерки со светки, пишува Vogue.

Моделот на фармерки што го прошета низ париските улици беше со низок струк и имаше два големи џебови во пределот на половината.

Панталоните ја следеа линијата на телото, а од колената се ширеа во ѕвонарки кои достигнуваа речиси до подот.


Иако Викторија е позната по витката линија, овој модел на фармерки е идеален бидејќи сече 10 сантиметри во струкот и ја истакнува линијата на телото.

Дизајнерката го комплетираше својот изглед со очилата за сонце Bottega Veneta.

Забележана е и чантата Hermes Kelly од 11.500 долари во боја на махагони со златни детали, која одлично се вклопи во оваа модна комбинација.

Елегантниот и шик изглед на Викторија Бекам доби допир на лежерност токму со светкавите фармерки.


ФОТО: Инстаграм