Д-р. Аспазија Софијанова стана баба по вторпат: Бебето доби име со посебно значење

Добивај вести на Viber

Директорката на Клиниката за детски болести, проф. д-р. Аспазија Софијанова, доби уште едно внуче. Радосната вест лекарката ја сподели на својот Фејсбук профил.

„Најдобриот подарок за Меѓународниот ден на жената е новородениот мој внук, Лука. Ви благодарам Анастазија и Жарко“, напиша среќната баба. 

Инаку, името Лука е со посебно значење и значи: светол, роден во зора. 


Др. Софијанова од ќерката Анастазија го има и внукот, Михаил кој минатата година наполни годинка.

Откако по неполни 4 години, проф.д-р. Софијанова повторно застана на чело на Клиниката за детски болести, пред нова година во интервју за Фактор откри што недостасува и на што ќе го стави акцентот како директор на оваа исклучитено важна здравствена институција во земјава:

„Ова е навистина клучната клиника, место каде што се лекуваат децата и каде што е врвниот академскиот кадар од оваа област. Постојат убави детски болници и низ целата државата, но тука е академкиот кадар од каде што потекнува професионализмот во највисоката смисла на зборот и од каде што потекнуваат лекувањата на најтешко болните дечиња, а тоа е токму Клиниката за детски болести. Можеби тоа беше и една од причините заради кои сепак останав тука и покрај оној гап период кој што постоеше. Најискрено она што сепак сметам дека треба да се надополни, да не речеам да се надогради, е токму постоењето на малку поинаква организација и подигнувањето на нивото на стандардот на однесувањето и кај нас, самите здравствени работници и соработници и се разбира на она што ние треба да го дадеме кон пациентите. Се разбира, во мојот однос и прецепција и претходно и од тоа што го имам прошетано да не речам целиот свет, многу болници во светот, каде што се имам едуцирано, доедуцирано и така натаму, постојат многу болници биле модел кон кои се стремиме за да направиме малку една покрупна реорганизација. Кога велам покрупна реорганзација, сметам да ги постигнеме стандардите кои ги бараат сите оние акредитации, реакредитации на самата болница, пред се стандардди на однесување, лекување, една организација во која малку повеќе ќе има состем на еден ред на однесување, таа помалку комфортна зона ќе мора малку да се стегне. Ова е искрено, и ова е токму јас“, заклучи директорката Аспазија.

Како доктор е една од најбараните и сакани лекарки во нашата земја, особено од дечињата, но и како жена таа важи за дама која има изградено свој стил, по кој е препознатлива.


Фото: Фејсбук профил проф.др. Софијанова/Фактор.мк

Moжеби ќе ве интересира:

Македонските докторки како благороднички: Доминација со стилот