Д-р Дулески од Струга породи девојка во болничко возило со телефонски инструкции: Секоја чест
Д-р Васко Дулески, општ лекар од струшката Итна медицинска помош породи 22-годишна девојка од Центар Жупа во болничко возило.
Станува збор за неверојатна приказна со среќен крај, која се случила на 1-ви февруари во раните утрински часови, кога Дебарската полиција го информирала тимот на Брза помош во Струга дека жена со приватно возило тргнала кон струшката болница, но веќе имала контракции за породување.
Д-р Васко Дулески заедно со својот медицински тим тргнале кон Дебар и со родилката се сретнале во близина на ХЕЦ ,,Глобочица“, а бидејќи породувањето веќе било започнато, докторот по телефонски инструкции од неговата родена естра-акушерка, успеал навреме да реагира и да ја породи девојката успешно.
- Породување имав видено на пракса за време на студиите, не сум гинеколог но бев во ситуација кога морав да реагирам, во спротивно ќе беше предоцна за бебето. Инструкции добивав од мојата родена сестра која е акушерка, по телефон ми објаснуваше како да постапувам. Главчето на бебето веќе се гледаше. Сите бевме премногу возбудени. Сестра ми смирено ми асистираше со зборови и успеав да го извадам бебето - раскажа за порталот Strugaonline, доктор Дулески.
Целата приказна на Strugaonline