Дали ладното пиво е добар избор за освежување во летните горештини?

Добивај вести на Viber

Со доаѓањето на летните горештини, многумина се фаќаат за првото ладно пиво како спас од високите температури. 

Но, дали навистина пивото е добар начин да се освежите и хидрирате во жешките денови?

Пивото, особено кога е студено, дава моментално чувство на разладување, благодарение на ниската температура и благо горчливиот вкус. 

Содржи вода, што придонесува за освежување, и мала количина електролити, но не смее да се заборави дека станува збор за алкохолен пијалак.

Стручњаците предупредуваат дека алкохолот, дури и во мали дози, делува диуретички – односно го зголемува излачувањето на течности од телото, што може да доведе до дехидрација, особено кога се потиме повеќе од вообичаено. 

Пивото не ја надополнува изгубената течност и не треба да биде замена за вода или спортски пијалаци кои го враќаат балансот на електролити.

Сепак, умереното консумирање ладно пиво – едно до две пива дневно, најдобро по оброк и во ладовина – не претставува ризик за здрави лица и може да понуди краткотрајно освежување.