Дали забележувате промена во изгледот на Јелена Ѓоковиќ: Сѐ е поради едно нешто

Јелена Ѓоковиќ веќе неколку години јаде само храна од растително потекло.
Сопругата на тенисерот Новак Ѓоковиќ, знае дека добрата исхрана е основа за добро здравје. Бидејќи тенисерот има нетолеранција на глутен и двајцата внимаваат на тоа како јадат.
Пред неколку години, Јелена реши да биде исклучиво на исхрана базирана на растенија, а на својот профил на Инстаграм често ги споделуваше рецептите за оброците што ги консумира заедно со своите деца кои исто така се на исхрана базирана на растенија.
Оброците на Јелена содржат јаткасти плодови, овошје, зеленчук, масло, што е многу хранливо и дава многу енергија.
Како што еднаш рече на својот профил на Инстаграм, во нивната куќа нема шеќер, а наместо тоа таа користи мед, урми, сируп од агава, јаворов сируп. На тој начин ја задоволува желбата за слатко и така, како што вели, нема изговор да посегне по нездраво благо.
Пие многу течности и шејкови кои се богати со свежо овошје и зеленчук, како и ореви.
Исхраната од растително потекло и помогна да ја врати својата линија по двете бремености, на неверојатно брз начин, а покрај исхраната, и физичката активност и помогна во ова.
Додека некои ја прекоруваат Јелена дека изгубила голема тежина во последно време, други веруваат дека славната мајка на две деца никогаш не изгледала подобро и дека може да послужи како добар пример за другите да живеат здрав и балансиран живот.
Дали вие забележувате какви било промени во изгледот на Јелена откако започна веганска диета?
извор:zenskikutak