ДАМА БЕЗ КОНКУРЕНЦИЈА! Мајката на Ана Ивановиќ ИЗГЛЕДА МАГИЧНО на 60+ години: Мајка и ќерка воодушевија со модните изданија од Фиренца

Ужива во топлите летни денови и патувањата, од време на време нè интригира со фотографии со рекет, само за да можеме да се надеваме дека ќе му се врати на белиот спорт, не обрнува внимание на гласините за разводот и, најважно од сè, не ја симнува насмевката од лицето. Ана Ивановиќ сега нè воодушеви со сцени од романтичната Фиренца, каде што е во друштво на дамата од која ги наследила убавината и шармот – најзината мајка Драгана.
„Се забавував одлично со моите девојки. Беше крајно време“, напиша таа покрај албум со фотографии кои буквално зрачат.
Широки насмевки, радост на секој чекор, сонце, добра атмосфера и сето тоа во Фиренца, главниот град на бајковитата Тоскана, која зрачи со историја, уметност и елеганција. Ана Ивановиќ се забавувала одлично на незаборавното патување со своите пријателки и жената која е најголем поддржувач во нејзиниот живот, мама Драгана.
Божествените модни изданија се менуваат со познати атракции на Фиренца во позадина. Стари палати кои зрачат со посебен колорит и дух, познатите мостови над реката Арно, Давид на Микеланџело...
Згодната Ана се истакнуваше во секое издание и тешко е да се одлучи кое и стои најдобро. Едноставно, сите креации се вистински мини спектакли, од долги летни фустани со цветни принтови до монохроматски модели кои ги откриваа долгите нозе на поранешната тениска принцеза.
А Драгана Ивановиќ? Со еден збор – дама. Се држи до себе, многу се грижи за својот изглед и, исто како и нејзината ќерка, се смета за жена со стил. А нејзините комбинации заслужуваат највисоки можни оценки. Не е ни чудо што „заработи“ толку многу комплименти, а следбениците на Ана навистина не штедеа на убави зборови, и тоа на различни јазици:
„Мама е дама, секоја чест. Почит“, „Уживај во животот, Ана!“, „Никогаш поубава!“, „Убавице, неописливо е колку зрачиш“, „Уникатна и неповторлива“, „Сите сте прекрасни!“, „Ана, ти си инспирација во секоја смисла“, „Четири благодати“.
Бидејќи Ана Ивановиќ има три сина и често има потреба од услугата на баба, Драгана ја користи секоја можност да биде блиску до неа и да ѝ се најде за помош. Познатата тенисерка го цени тоа, па затоа често јавно испраќа зборови на благодарност до својата мајка.
Извор: Zena.blic.rs