Девет години немале деца, потоа го направиле ова: Сигурни се дека Бог ги награди поради тоа
Џош и Алиша Дагерти од САД веќе 9 години не можат да имаат бебе. Девет години како се обидуваат да основаат семејство, иако лекарите кај кои биле им кажувале дека нема шанси да дојде до бременост.
Во тие девет години, Алисија имала, верувале или не, 11 спонтани абортуси, по што почнала да крева раце.
Сепак, во 2010 година, тие донесоа чудна одлука - одлучија да го посвојат малиот Алекс, пренесува „Пипл“.
„Беше толку неверојатно да имаш дете во куќата. Трчаше низ соба и викаше мамо, тато“.
„Во сето ова лудило, таа радост, шест дена подоцна, направивме дете! Не очекувавме дека повторно ќе забременам. Месец ипол подоцна, добивме информација, после која дојде стравот. Сепак, 11 пати имав абортус. Сепак, животот нѐ изненади, поточно не награди поради посвојувањето на Алекс. Сигурна сум во тоа. Осум месеци подоцна , ја родив Зои“, раскажува Алисија.
Бог гледа се
Парот не застанал тука. Нешто подоцна го посвоиле и Џејмс. Бог после тоа повторно ги наградил.
-Не се вели залудно дека Бог гледа се. По посвојувањето на Џејмс, повторно замременив и го добивме Даш. До денес посвоивме уште четири деца, но добивме уште две, па сега дома сме вкупно 12-вели радосно Алисија на која најголем сон во животот пред тоа и било да има големо семејство.
Додека Џос не знае како да ја спори работата со грижата за толку деца, Алисија се топи од среќа.
Живеам во луда и хаотична куќа, но сега веќе навикнав на тоа и никогаш ништо не би менувала. По години размислување дека никогаш нема да имаме деца, сакам да го отворам срцето и да имам што е можно повеќе деца-рекла оваа среќна мајка, убедена дека ќе посвои уште деца, пренесува Новиживот.нет.