ДОМА СИ Е ДОМА: Ќе ги замениме ли летово грчките плажи со охридското синило

Добивај вести на Viber

Државите во кои најчесто летувавме се уште ги токмат правилата кои ќе важат за странските туристи. Кога и како во Грција или во Хрватска, ќе се отворат ли границите, какви ќе бидат условите, ќе биде ли многу поскапо и покмплицирано, или можеби поевтино и не толку сложено, се прашањата кои ги мачат македонските граѓани.

Дел од нив затоа решија овој тип на главоболки да ги заменат со постепено размислување за летување во сопствената држава. Охрид, Дојран, Преспа, можеби на планина или во некое рурално подрачје.

А зошто и да не се смени токму ова лето од морскиот амбиент, кој досега најчесто се практикуваше.

За да им помогне на дел од домашните граѓани со пониски примања во услови на економска криза поради коронавирусот, но и на домашните туристички капацитети, Владата вчера реши 100 илјади наши граѓани да добијат ваучер за домашен туризам од 6.000 денари, како и домашна платежна картичка од 3.000 денари.

„Граѓаните ќе можат да се одморат и да летуваат дома, а со тоа ќе го зајакнеме домашниот туризам.Со оваа мерка се опфатени сите вработени граѓани што примаат нето плата помала од 15.000 денари месечно и немаат други приходи. 
Ваучерот може да се користи во домашните хотели и други сместувачки капацитети, додека со платежната картичка поттикнуваме купување на домашни производи и услуги“, објаснија од власта, презентирајќи го третиот сет економски мерки.

Дали се подготвени охридските хотелиери годинава да примат зголемен број туристи, како што се очекува поради потешките услови за летување во странство, прашавме дел од нив. Хотелот „Гранит“ кој се наоѓа на Охридското крајбрежје би можел веднаш да почне со работа.

„Подготвени сме и утре да почне сезоната“, вели за Фактор Пере Кутаноски, управител на хотелот „Гранит“.

Но, како што нагласува тој, се уште не се знае кога за хотелите ќе биде дозволено да стартуваат со работа, и под кои услови. Сите аранжмани што биле резервирани за овој месец, за странски туристи, веќе 90 отсто се откажани, бидејќи и во нивните држави се чека правилата на однесување да ги соопштат нивните влади.

„Се уште не се знае кога би биле отворени хотелите. Се очекува да почнат со работа во јуни. Нашата надеж оваа година ќе бидат домашните туристи. Се надеваме дека ќе се смири пандемијата и дека хотелите ќе можат да работат“, вели Кутаноски.

За владината мерка за ваучери за домашен туризам тој смета дека е позитивна и дека ќе им помогне на хотелите и на другите сметстувачки капацитети во земјава. Целиот текст прочитајте го на фактор.мк