Домашен сок од нане совршен за топлите денови: Брзо се подготвува, освежува, и има пријатен вкус

Бидејќи веќе ги чувствуваме летните температури, вистинско време е да се освежиме на природен начин. Високите температури често не потсетуваат колку е важно да пиеме доволно течности, а еден од најдобрите начини да го направите тоа е со домашен сок од нане. Овој пијалок е лесен, освежителен и не бара многу шеќер. Во продолжение ви пренесуваме едноставен рецепт за уживање во чаша здравје и свежина.
Состојки за сок од нане:
-1 голема шака листови свежо нане (околу 20-30 листови)
-1 литар ладна вода
-Сок од 1 лимон (или лимета)
-1 до 2 лажици мед или 1 лажичка кафеав шеќер (по вкус)
Неколку коцки мраз (опционално)
Подготовка на сок од нане:
Листовите нане измијте ги под ладна вода.
Во блендер ставете ги листовите нане, сок од лимон, мед (или малку шеќер) и околу 200 мл вода.
Блендирајте додека не добиете мазна смеса. Процедете ја смесата низ сито или газа за да ги отстраните сите парчиња лисја.Додадете го остатокот од водата (околу 800 ml), измешајте и оставете да се излади во фрижидер најмалку 30 минути.
Послужете ладно, со мраз и лист нане за декорација.