Дорис Драговиќ и Петар Грашо со заеднички спектакл во Скопје – љубов, емоција и музичка магија на една бина!

Две балкански музички ѕвезди, дамата со моќна интерпретација Дорис Драговиќ и миленикот на публиката Петар Грашо, доаѓаат со заеднички концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Настанот веќе се најавува како вечер која ќе влезе во историјата, носејќи со себе љубов, емоција и чиста музичка магија.
На иста сцена ќе се испреплетат два света – вечните балади на Дорис, кои со децении се врежани во колективната меморија, и современите хитови на Грашо, кои го дефинираат звукот на новото време. Еден концерт, две генерации, но единствена енергија што ќе ја обедини целата публика.
Дорис Драговиќ ќе ја врати раскошната емоција од нејзините легендарни интерпретации, додека Грашо, со својата харизма, ќе внесе свежина и модерен дух на сцената. Заедно ќе создадат ноќ за паметење – патување низ музиката што не познава граници, ниту генерациски, ниту географски.
Картите за овој голем настан се веќе во продажба преку мрежата на kupikarta.com, Розе Веро 2, ЈК Травел во Бисер и ЈК Травел Дајмонд.
РЖМ/ИС