Дознаваме - кој ќе го снима филмот за Тоше Проески?

Добивај вести на Viber

Носител на проектот - снимање документарен филм, серија и игран филм за Тоше Проески е Македонската радио-телевизија, а која продукциска куќа ќе ја добие довербата да го реализра, ќе биде познато по Нова Година.

-Ние постојано имаме отворени конкурси. Што се однесува до проектите поврзани со македонската музичка легенда конкурсот е отворен до 31 декември и на него може да се пријаат сите продуцентски куќи. Треба да приложат синопсис за документарен филм, серија или игран филм за Тоше Проески. Но, и согласност од семејството, што е многу важен детал – велат од МРТ 

Идејата за овие проекти потекнала од МРТ и копродукции од Македонија и Балканот, а Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во координација со Министерството за култура и со Министерството за финансии во експресно брза постапка обезбедија средства од буџетот. Министерството за дигитална трансформација ќе одвои 95 милиони денари..

Ова една од најубавите предновогодишни честитки за фановите на македонската легенда, сплотени во многубројни групи на социјалните платформи од цел од Балкан и пошироко,која вчера ја соопшти министерот за култура Зоран Љутков.

Проески загина на 16 октомври 2007 во сообраќајна несреќа во Хрватска на 26 години..

С.А.Н