Две раскошни венчаници кои одземаат здив: Српската Ким Кардашијан се омажи за НБА ѕвездата Пол Џорџ (ФОТО)

Српската Ким Кардашијан блесна во два раскошни и доста провокативни фустани.
Данијела Рајиќ, попозната како српската Ким Кардашијан, кон средината на јули се омажи за НБА ѕвездата Пол Џорџ, а иако деталите за венчавката беа објавени во сите светски медиуми, сликата од нејзината луксузна венчаница се појави во јавноста дури пред неколку дена.
Станува збор за креација во која веднаш до израз доаѓа исклучително длабокото деколте. Имено, таа избра венчаница на ексклузивниот бренд за невести Инна Елси, изработена од проѕирен, бел тул и скапа тантела. А се истакна и по шлицот кој ги откри убавите нозе на Данијела!
Потоа малку подоцна се пресоблече во покласичен фустан, но исто толку убав. Нејзиниот избор падна на брендот Galia Lahav, а оваа креација е изработена од проѕирна, фина тантела со фин вез, под која доаѓа поставата во боја на кожа. Креацијата ја краси и гол грб, заносно деколте, како и интересни, надуени ракави од тул. А сè заокружи со помпезен, бел превез и бидермаер од бели рози.
Парот се заколна на вечна љубов во луксузната вила Астро во италијанскиот град Соренто, а прославата не помина без звуците на локалната турбо-фолк музика. Видеата на оваа интересна двојка која ужива во ритамот на балканска музика го обиколија светот.
Данијела и Џорџ се вљубени со години и заедно веќе имаат три деца - ќерките Оливија и Наташа и синот Вук. Сепак, нивната врска не беше ни блиску до идеална, но љубовта успеа да ги надмине сите пречки.
Двојката се запознала во Мајами додека Данијела работела како го-го танчерка и стриптизета, а по само неколку месеци од врската останала бремена. Најпрво кошаркарот тврдеше дека детето не е негово. Ситуацијата се искомплицира и сегашниот брачен пар заврши на суд. Се шпекулираше дека славниот спортист и понудил дури милион долари за да абортира.
По породувањето Данијела со ДНК тест докажа дека кошаркарската ѕвезда сепак е татко на детето. А веста дека се помириле по сите несогласувања го шокираше светот. Но, се чини дека тие уживаат во својата љубов повеќе од кога било.
извор:stil.kurir