Џастин Тимберлејк потврди дека во тајност го дочекале второто дете: Бебето доби уникатно име
Родители по втор пат.
Џесика Бил го родила својот втор син, а ексклузивното е тоа што никој не знаеше дека актерката е бремена, иако DailyMail.com откри уште во јули дека Бил и Тимберлејк го дочекале на свет второто дете.
Парот досега молчеше, но после шест месеци, Тимберлејк ја потврди веста за време на гостување во шоуто на Елен Деџенерис.
Парот веќе се родители на петгодишниот син Силас Рандал.
А Џастин откри дека новороденчето се вика Финес.
„Неговото име е Финес, тој е прекрасен и толку симпатичен. Ние сме воодушевени, не можеме да бидеме посреќни и поблагодарни.
За Финес се смета дека потекнува од еврејското име Пинчас, што значи оракул односно пророк.
Двојката првпат се запозна на почетокот на 2007 година, а се верија во 2011 година. Џесика и Џастин се венчаа на 19 октомври 2012 година.
извор:dailymail.co.uk