Џеф Безос и Лорен Санчез го кажаа судбоносното „да“: Невестата ја објави првата фотографија од свадбата и го додаде презимето Безос на Инстаграм

Добивај вести на Viber

Лорен Санчез и Џеф Безос го кажаа судбоносното „да“ во Венеција, а прекрасната невеста ја сподели првата фотографија од свадбата на социјалните мрежи.

„27.06.2025“, напиша Лорен во описот.

Лорен го кажа своето судбоносно „да“ пред собраните гости и под крошната од бајковито зеленило во елегантна венчаница со крој во стил на сирена која совршено ѝ стоеше.

Фустанот беше направен од тантела, со долги ракави и висока јака, додека долгиот бел превез со чипкана рамка дополнително го нагласуваше впечатокот за софистицираност и гламур.

View this post on Instagram

A post shared by Lauren Sánchez Bezos (@laurensanchezbezos)

Под објавата веднаш почнаа да се појавуваат бројни честитки.

„Честитки“, „Толку сум среќна за тебе“, „Прекрасна си“, „Каков фустан“, „Да живее љубовта“, „Само уживај“, „Ова е прекрасно“, „Едвај чекам да видам повеќе фотографии“, „Прекрасна жена, прекрасен фустан“, „Не можам да престанам да го гледам фустанот“, се само дел од коментарите на Инстаграм.

Сопругата на милијардерот ги избриша сите други објави од Инстаграм и го додаде Безос на своето презиме.

Патем, свадбената прослава започна во четвртокот. Потоа тие имаа вечера за своите гости, во петок беше свадбата, а во сабота ќе се одржи бал во Арсеналот - старото венецијанско бродоградилиште.