Џенифер Анистон им даде поддршка на најмоќните жени во светот: На нејзината листа се најде и српската премиерка

Добивај вести на Viber

Американската актерка ги наброја сите жени кои се на важни и високи позиции во нивните држави...

Познатата актерка Џенифер Анистон направи листа и својата најнова објава на Инстаграм ја посвети на најмоќните жени во светот, поточно на жените кои се на најважните водечки позиции во нивните земји.

На таа листа, ѕвездата на „Пријатели“ пронајде многу познати имиња, од германската канцеларка Ангела Меркел, норвешката премиерка Ерн Солберг, шкотската премиерка Никол Старџен и други.

Помеѓу останатите, на листата на Џенифер Анистон е и премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ.

„Додека светот беше вознемирен од бучавата на оние кои се отпорни на промени... Промените секако се случуваат. Да ги зајакнеме жените и да го смениме светот“ - гласеше пораката на Џенифер Анистон.