Е ова е шефица: Ги почасти вработените со 10.000 долари и билет за патување за било каде во светот
Сара Блејкли,
основачот на брендот Spanx, дефинитивно е најдобриот шеф на светот
Блејкли (50) продажбата на својата компанија на друга компанија на вработените им ја соопшти со забава. Таа го прослави тоа што сега нејзината компанија вреди 1,2 милијарди долари. Но исто така и ги почасти своите повеќе од 500 вработени со два авионски билети од прва класа до каде било во светот и на секој по 10.000 долари за трошење.
Самата Блејкли помина долг пат до успехот, бидејќи со години работеше различни бизниси, пред да ја започне Spanx во 2000 година со само 5.000 долари заштеда.
„Еден ден се разбудив и си помислив: Во погрешен филм сум, јавете се на режисерот! Што се случи? Ова не е мојот живот! Така, на лист хартија ги запишав работите во кои бев добра, а една од нив беше продажбата. На крајот, напишав во мојот дневник: „Сакам да измислам производ што ќе можам да им го продадам на милиони луѓе и што ќе направи да се чувствуваат добро“, откри таа.
Идејата за производство на мидер ѝ паднал на ум додека ги гледала крем панталоните што ги поседува. Никогаш не ги носела бидејќи немала долна облека што не би била оцртана.
Потоа решила да произведе решение за овој заеднички женски проблем - но долго време не можела да најде некој да го произведе. Сите мажи ја одбиле, а на крајот ѝ помогнала жена, чии три ќерки биле воодушевени од идејата. Останатото е историја.
Фото: Инстаграм/Youtube/screenshoot
Видео: Youtube