Животна училница // Приказни
Еден од најубавите парови кај нас со два прекрасни поводи за слава: Ирина Дишо и Павле Камилоски среќни еден покрај друг
- 23 Февруари, 2025 10:17

Вчера еден од најубавите парови на нашата естрада, прослави годишнина.
22 февруари е денот кога започнала нивната љубивна приказна, па по тој повод Ирина Дишо и Павле Камилоски имаа повод за прослава.
„Датумот кога започна нашата љубовна приказна…
Истиот ден денес, нашата Лена направи 40 дена а ние сме веќе четиричлено семејство.
Ти благодарам Господе на сите убавини што ми ги подари овие три години“ - напиша Ирина споделувајќи низа фотографии.
Имено, Камилоски имаат две дечиња, синчето Јосиф, и малата Лена која вчера направи 40 дена.
ФОТО: Инстаграм