Единствената Кардашијан сестра која никогаш не се мажеше, одлучи да застане на лудиот камен: Сите се чудат зошто нему му кажа ДА

Добивај вести на Viber

Среќа во семејството Кардашијан, најтврдоглавата од сите се согласи да се омажи

Кортни Кардашијан има 42 години, а се чини дека вистинската љубов ја пронашла дури сега. Светските медиуми пренесуваат дека најстарата сестра Кардашијан се вери. Нејзиниот избраник е Тревис Баркер (43).

Кортни и Тревис се пријатели и соседи многу години, а почнаа да се забавуваат пред половина година. Сепак, нивната љубов се разгоре толку многу што тие се постојана тема на таблоидите ширум светот. Двојката не ја крие својата заљубеност и често се однесува како тинејџери.

Сега Тревис одлучи да ја запроси Кортни, па за таа прилика постави рози во форма на срце на плажата во Калифорнија, донесе ТВ екипа, како и изненадената Кортни.

Нејзините сестри, зетови и мајка го гледаа сето тоа од страна, додека Кортни изненадено се согласи.

Кортни со Скот Дисик беше во врска од својата 30-та година, со кого има три деца, но таа никогаш не се согласи да се омажи за него. Се чинеше дека чека вистинска љубов.

Сега Кардашијан објави фотографија од запросувањето на Инстаграм со натпис: Засекогаш!



Фото: Инстаграм/Кортни Кардашијан

Малку или многу бизарно: Кортни Кардашијан го шокираше светот со начинот на кој покажува љубов кон своето ново момче (ФОТО)