„Една е мајка“: Грижата кон децата најдобро се покажува кога се грижите за нивната мајка, односно за себе!

Добивај вести на Viber

Многумина се прашуваат дали има смисла во реченицата која често се изговара и се зема како општо место. 

„Една е мајка“. Зошто да се потенцира дека една е мајка, кога и татко е еден. Не може да има повеќе од еден татко. 

Freepik

И додека некои ја релативизираат смислата на максимата „Една е мајка“, со изговор дека на тој начин се привилегира улогата на мајката како родител наспроти таткото, сепак оваа реченица е вистинита. Во неа е сокриена голема мудрост. 

Едно дете има две баби, двајца дедовци. Колку и да се тие важни фигури во животот на едно дете, тие се множина.

Freepik

 Детето може да има повеќе тетки или чичковци. Може еден од нив да издвојува и обожува, но и тие во животот на детето се множина. 

Детето може да има една или повеќе сестри или браќа. Но и тие како опција и потенцијално во својата длабока смисла во животот на детето се множина. 

Freepik

Детето може и воопшто да нема браќа и сестри, но може да има и повеќе. Она што ниту едно дете не може да нема тоа е мајка и татко. 

И овие именки се секогаш во еднина. Со тоа се истакнува важноста на мајката, односно таткото во животот на едно дете. Нивната позиција е незаменлива. Па поради тоа е и многу важна. 


Но зошто почесто слушаме „Една е мајка“, а не „Еден е татко“?

Во историјата на распределба на општествените улоги, жените биле повеќе врзани со домот и со самото тоа повеќе време поминувале со децата. 

Freepik

Грижата за децата во непосредна смисла повеќе припаѓала на мајката, додека таткото е тој што се фокусира да го обезбеди финансиски и економски семејството. 

Секако ова социјална распределба на улогите, има и биолошка заснованост. Мајката е таа која го носи детето, го дои и биолошки повеќе е врзана со детето од неговата најмала возраст. 

Па поради тоа рационално е мајката да ги преземе обврските околу детето, додека таткото е тој што се грижи да го обезбеди домот. 

Freepik

Од друга страна културно, ентитетот на мајката е врзан со емоционалност, искажување топлина и повеќе грижа. Ова верување има основи и во науката. 

Науката докажува дека жените по пораѓањето, имаат многу повисоки количини на окситоцин - хормон на блискост кој им се лачи во телото. И тој е одговорен за емотивноста, топлината и грижата на мајките кон децата. 

Вие како мајки можете да имате повеќе деца, но вашите деца имаат само една мајка. Грижата за децата започнува со грижата за себе. 

Freepik

Драги мајки, вие сте незамелив дел во животот на едно дете. А на секое дете му треба мајка која ќе се чувствува добро и среќно. Која ќе може својата добра состојба да ја пренесе на своите деца и да биде вистинска поддршка и пример низ животот. 

Мајките најдобро ја покажуваат грижата за своите деца, токму на начин кога се грижат за нивната мајка, односно за себе. 

Затоа преформулирајте го алтруизмот кон децата, не како мачеништво и вечна жртва, туку како бесконечно уживање во животот и фокус на себе!

М.С.К