Култура // Концерти
Една вечер, многу емоции – заедно со Нина Бадриќ: Хрватската дива со втор концерт во Филхармонија

Со нејзината енергија зрачи, секогаш кога има прилика му се враќа на Скопје. Така и овој пат, хрватската дива Нина Бадриќ го најави нејзиниот втор концерт во Филхармонија.
Интимна атмосфера само за неа, музичарите и публиката која со сигурност ќе ги пее како во хор нејзините најголеми хитови.
Публика добро ја познава Бадриќ. „Не кажувај либе добра ноќ“, македонската изворна песна која ја препеа заедно со браќата Тавитијан ги освои срцата на Македонците.
На 27 – ми април, Нина Бадриќ повторно му се враќа на Скопје со втор концерт, за вечер исполнета со многу емоции, по некоја солза и бис.
Концертот е во организација на „Евентум“.