„Едното дете го давеше, другото го удри, мене ме турна на ѕидот“: Анџелина со нови морничави детали кои наводно таа и децата ги трпеле од Бред Пит
Анџелина Џоли во вторникот поднесе противтужба против нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит, откривајќи нови детали во новите судски документи за она што таа го опиша како злоупотреба што доведе до нивен развод и распад на нивниот брак.
Имено, актерката претходно откри дека Пит наводно ги малтретирал неа и децата за време на лет со приватен авион во септември 2016 година, а сега детално опишала што точно се случило.
„Пит го задави едното дете, а другото го удри со тупаница по лицето“, се вели во судските документи, а опишан е и моментот кога актерот ја фатил за глава Анџелина и ја затресол. „Во еден момент ја полил Џоли со пиво, а потоа на децата, па со црвено вино“, се наведува понатаму.
Конфликтот, како што навела Анџелина во извештаите, започнал кога Бред ја обвинил дека е преблага со децата, по што почнал да ѝ вика во бањата.
„Пит ја зграпчи главата на Џоли и ја затресе, а потоа ја фати за раменици и повторно ја затресе пред да ја турне на ѕидот од бањата. Потоа удри повеќе пати во таванот на авионот, предизвикувајќи таа да ја напушти собата“, пишува во судските документи.
Понатаму се наведува дека едно од децата излегло во одбрана на мајката кога Пит наводно почнал да ги напаѓа децата.
Патем, инцидентот на летот беше пријавен до федералните власти, но ФБИ објави соопштение дека истрагата е затворена и не е покренато обвинение.
Адвокатите на г-ѓа Џоли, исто така, рекоа дека Бред бара од неа да потпише „договор за необјавување со кој договорно ќе и забрани да зборува надвор од судот за физичкото и емоционалното злоставување на Пит врз неа и нивните деца“.
Да потсетиме дека судскиот процес во Лос Анџелес беше инициран поради винарија во сопственост на актерска двојка во Франција.
извор:zenablic